среда, 11 март 2026

Безживотно женско тело извадено од Вардар, кај градскиот стадион

Тело на жена е извадено од водите на Вардар во Скопје, денеска околу 11 часот близу мостот кај градскиот стадион, пренесува порталот Експрес.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека телото било извлечено од полициски службеници од СВР Скопје. Околностите под кои жената завршила во реката засега не се познати.

Надлежните институции работат на утврдување на сите детали, поврзани со настанот. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција. Во тек е увидот на местото на настанот, кој се случил на кејот на Вардар, во близина на болницата „Систина“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ