среда, 7 јануари 2026

Автоматска пушка и 258 куршуми најдени кај жител на битолско

СВР Битола поднесе кривична пријава против 54-годишен жител на битолското село Кишава поради сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од полицијата, на 28 декември 2025 година бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот, како и во објект на друго лице кој му бил отстапен на користење. При претресите била пронајдена и одземена автоматска пушка м70 аб калибар 7,61 милиметри, како и 258 куршуми.

По целосно документирање на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ