недела, 18 мај 2025

Автобус удрил во инвалид во количка на улица во Струга

Според информацијата, несреќата се случила вчера околу 11 часот и 25 минути на улицата „Партизанска“ во Струга, а лицето било пренесено во болница каде е задржано на лекување.

Објавено на

часот

Сподели

Автобус со охридски регистерски ознаки удрил во лице со инвалидска количка во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, незгодата се случила вчера околу 11 часот и 25 минути на улицата „Партизанска“ во Струга, а лицето било пренесено во болница каде е задржано на лекување.

„Во Полициската станица Струга е пријавено дека околу 11:25 часот на улицата Партизанска во Струга, автобус марка мерцедес со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Л. од Охрид удрил во лице со инвалидска количка – С.Ч. од Струга. Во несреќата С.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид каде што е задржан за натамошно лекување“, соопшти МВР.

Известен бил надлежен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Струга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ