петок, 27 март 2026

Автобус удрил ученичка пред училиште кај Куманово, таа е тешко повредена

Шеснаесетгодишна ученичка е тешко повредена откако била удрена од автобус пред средно училиште во кумановско.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Куманово, на 26 март 2026 година околу 09:45 часот, на пат пред училиште во село Долно Којнаре, автобус ман со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, кој превезувал ученици, движејќи се наназад, удрил во ученичка од село Старо Нагоричане.

Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ