Во првиот случај, вчера на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 28-годишниот М.Д. од Скопје. При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Во вториот случај, ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 21-годишниот В.Н., поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
„Според информациите, на 12 март 2026 година полициски службеници извршиле контрола на патничко возило бмв кое го управувал пријавениот, при што во возилото била пронајдена и одземена марихуана. Полицијата продолжува со постапките и во двата случаи“, информираа од МВР.






