среда, 1 април 2026

Американец притворен во Охрид, под сомнение за фалсификување исправа

На 30 март полициски службеници од СВР Охрид во содејство со Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Запад, по претходно издадена судска наредба, го лишија од слобода Ш.В.(40) од САД, со привремен престој во Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Тој е приведен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик. На Ш.В. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, по што лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ