недела, 13 април 2025

Алкохолизиран кумановец приведен за безобѕирно управување со моторно возило

Четириест и петгодишен кумановец вчера е лишен од слобода, бидејќи управувал возило под дејство на алкохол.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 00:58 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(45) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта“, соопшти денеска МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ