„Денеска во 3:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле А.С., 36-годишник од неготинското село Тимјаник, затоа што истиот во казино во Неготино недолично се однесувал, а по преземени мерки, констатирано било дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,69 промили алкохол во крвта“, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






