Како што соопшти МВР, судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид, поради тоа му одредил мерка „Краткотраен притвор“.
-При вршење патролни контролни активности на Охридското езеро, полициските службеници го затекнаа К.С. во неговиот пловен објект во македонските територијални води над населбата „Лагадин“, како врши незаконит риболов во водите на Охридското Езеро со помош на блинкери и по извршен преглед, пронајдени се 22 топки со 110 блинкери и друг риболовен алат кои, заедно со пловилото се одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.