Во близина на караула Радожда, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско eзеро” го лишиле од слобода Ј.Б.(48) од Република Албанија поради нелегален влез во државата,, информира МВР и додава дека тој пристигнал со својот чамец и вршел нелегален риболов.
„Откако ги забележал полициските службениици, скокнал во Охридското Езеро и се обидел пливајќи да побегне, но набргу бил фатен и приведен. Притоа, полициски службеници испукале неколку куршуми во воздух како предупредување. При преглед кај него бил пронајден нож на расклопување. Тој бил предаден во Полициската станица за граничен надзор Франгово, и од инспектор од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад изречена му е забрана за влез во Република Северна Македонија”, се вели во соопштението од МВР.






