Инцидентот се случил на 19 јуни 2025 година, на граничниот премин „Стар Дојран“. При гранична контрола, полициските службеници утврдиле дека идентификациониот број на возилото марка БМВ, кое го управувал пријавениот, бил фалсификуван.
Лицето било веднаш лишено од слобода и задржано во полициската станица.
По поднесување на кривичната пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, судија од Основниот суд донел пресуда со која му е изречена условна казна затвор во траење од една година, со рок на проверка од две години.
Дополнително, му е изречена и споредна казна, протерување од државата во траење од две години.