При преземањето на мерките, полициските службеници биле вербално нападнати од А.Н. и М.Н., двајцата од Охрид. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во меѓувреме, во ноќта меѓу 4 и 5 април, полициски службеници од СВР Скопје спровеле акциска контрола на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар. При контролата бил проверен идентитетот на 45 лица и биле извршени 39 прегледи на лица и возила.
Притоа, биле констатирани пет прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во една обложувалница биле затекнати тројца малолетници.
Дополнително, во ноќта меѓу 3 и 4 април бил констатиран прекршок поради пуштање гласна музика во угостителски објект на подрачјето на Центар.






