Вчера во 14:20 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека на улицата Мито Хаџи Василев“ во градот, патничко возило југо со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ц.П., на возраст од 58 години од Кавадарци, удрило во 93-годишниот пешак Д.К. од Кавадарци. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница – Кавадарци, појаснија од СВР – Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Кавадарци.






