недела, 14 декември 2025

84-годишна жена донесена со повреди во болница, била претепана од друга жена во Скопје

Во СВР Скопје е пријавено дека 84-годишната Е.Б. од Скопје била физички нападната од женско лице во централното градско подрачје.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата добиена од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, жената со телесни повреди била донесена во болница на 16 септември околу 14:00 часот.

При службениот разговор, таа изјавила дека повредите ги добила истиот ден околу 10:00 часот пред угостителски објект во општина Центар, каде била нападната од женско лице.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ