недела, 7 декември 2025

81 годишник се посомневал во измама и спасил 40.000 евра заштеда

Вчера поладне во СВР Тетово, 81- годишник, пријавил обид за измама, односно дека на домашниот фиксен телефон добил телефонски повици од непознати броеви, при што наводен адвокат и наводен лекар му рекле дека неговата ќерка имала сообраќајна незгода и прегазила 15- годишно дете, кое починало на лице место, додека ќерка му има тешки телесни повреди и ако сака да ја спаси требало да даде 40.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од МВР, старецот се посомневал дека станува збор за измама и случајот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ