петок, 6 март 2026

81 годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за 300.000 денари

Вчера навечер во ОВР Кавадарци, 81-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ