недела, 29 март 2026

80-годишен Грк го убил ловочуварот во Виница, приведен е со уште тројца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопшти дека е расчистено убиството во Виница и поднесена е кривична пријава против 80-годишен грчки државјанин. Приведени се вкупно четири лица.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на  расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата што лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата“, информира МВР.

Приведени се И.Л., Г.П., С.Р. сите од Грција и С.З. од битолското село Жабени. Министерството за внатрешни работи соопшти дека соодветни пријави ќе бидат поднесени против сите инволвирани.

Безживотното тело на 56-годишниот Д.А. беше пронајдено вчера во близина на градските гробишта во Виница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ