понеделник, 16 март 2026

77-годишна жена пронајдена почината во својот дом во Кисела Вода

Во Скопје, во семејна куќа на подрачјето на Кисела Вода, била пронајдена почината 77-годишна жена. Случајот бил пријавен вчера во 12:50 часот во СВР Скопје од нејзиниот внук, И.С.Т.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, на жената ѝ се слошило и паднала во куќата, по што лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ