петок, 11 јули 2025

72-годишен моторџија загина во тешка сообраќајка на магистралниот пат Делчево – Штип

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случила вчера утрината околу 7:06 часот на магистралниот пат Делчево – Штип, во близина на крстосницата „Компосара“, при што животот го загуби 72-годишен моторџија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира ОВР – Кочани, до несреќата дошло при судир помеѓу патничко возило рено трафик со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавната здравствена установа – Виница, управувано од Б.С. (63) од село Јакимово, и мопед томос со штипски регистарски таблички, управуван од Љ.П. (72) од населбата Оризари, кочанско.

Мопедистот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР – Кочани. Се работи на утврдување на причините за трагедијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ