Денеска во 00:05 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Ф.М., постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна сопруга, дека во близина на семејниот дом, физички ја нападнал.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија оттаму.






