вторник, 23 декември 2025

68-годишен маж почина во пожар во Штип

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот, како што објави МИА, се случил на улица „19 Бригада“, каде 68-годишниот маж живеел под кирија, а  сопственикот на куќата утринава забележал чад од неговата соба и ја повикал противпожарната служба. И покрај брзата интервенција кај мажот е констатирана смрт.

Полициски службеници биле на местото на настанот, увид извршил Јавен обвинител, а смрт е констатирана од страна на Брзата помош Штип.

Командирот на територијалната противпожарна единица Штип, Дарко Коцев истакна дека на терен излегле со две возила и седум пожарникари утринава во 7:20 часот. На местото е затекнато изгорено човечко тело при што веднаш се повикани екипите на брзата помош и полицијата. Лекарите констатирале дека нема траги на насилство врз починатото лице, а истражните органи треба да откријат како настанал пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ