вторник, 17 март 2026

63-годишна жена од Росоман дома чувала нелегално оружје и куршуми

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Т., на 63 години од Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавената, без одобрение од надлежен државен орган, во својот дом во Росоман држела ловечки карабин М-92, ловечка пушка застава калибар 16 мм и куршуми со различен калибар.

Случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство, кое ќе продолжи со понатамошно постапување согласно законските прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ