сабота, 17 јануари 2026

57-годишен тетовец нелегално снимал 18-годишна девојка и ја уценувал

Педесет и седумгодишен тетовец е лишен од слобода поради тоа што долг период вознемирувал 18-годишна девојка. Тој ја следел и ја снимал со мобилен телефон.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, завчера околу 12:10 часот на улицата Јадранска, полициски службеници го уапсиле Е.И. (57), постапувајќи по претходна пријава од оштетената. Во пријавата било наведено дека мажот континуирано ја следел девојката, ја вознемирувал и ја снимал без нејзина согласност.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ