Т.Т. се сомничи дека од април оваа година, во повеќе наврати, на апликација на социјална мрежа испраќал пораки и фотографии со недолична содржина до 17-годишно девојче од Охрид, како и дека барал од неа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина.
Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм.
Лицето било задржано во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






