четврток, 25 декември 2025

474 возачи казнети за брзо возење

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

За време на контролите казнети се вкупно 474 возачи, од нив, 74 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 161 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 313 надвор од населено место, велат од МВР и најавуваат и во наредниот период засилени сообраќајни контроли со цел да се зголеми безбедноста на улиците и патиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ