недела, 7 декември 2025

42-годишен кавадарчанец натепал тинејџер

Четириесет и двегодишен кавадарчанец вчера на пладне бил уапсен, бидејќи нападнал 18-годишен неготичанец и му го одзел мобилниот телефон.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (13.10.2025) во 12:45 на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.Ј.(42) од Кавадарци поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.

Според пријавеното, тој на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци физички го нападнал Ѓ.Т.(18) од Неготино и му го одзел мобилниот телефон. М.Ј. е приведен во полициска станица, а телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против М.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ