понеделник, 8 декември 2025

400 прекршочни казни напишаа сообраќајните полицајци и уште 336 за брзо возење

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција на улиците и патиштата низ Македонија за брзо возење казни 336 возачи. Од нив 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 179 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место.

Во периодот од 8.00 до 12 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 400 санкции за сообраќајни прекршоци, велат од МВР. ж

При контролата, санкционирани се седум возачи за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци, а шест возила биле со неисправен уред за сопирање, 17 санкции поради бесправно управување на возилото, шест за возење без возачка дозвола…

На вонреден технички преглед биле упатени 62 возила, а кај 11 биле констатирани технички неисправности.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат  за побезбедни патишта. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ