понеделник, 23 февруари 2026

4 лица се осомничени за палење на автомобилот на поранешен полициски инспектор во Струмица

Д.Г. (19) од село Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица се приведени како осомничени за палењето на возилото на поранешен полициски инспектор за наркотици.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера, со судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г., при што во домот на Р.П. во Владевци се пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. во Еднокуќево е пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, а во домот на К.Г. во Струмица се пронајдени делови од облека за кои полицијата се сомнева дека ги носел при извршување на кривичното дело.

За преземените мерки е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на настаните следува соодветна пријава, соопшти СВР Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ