петок, 6 март 2026

30 дена притвор за Естонец, силувал малолетник во Скопје

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против 56 годишниот Т.Т. од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник. Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со делото, а од судија на претходна постапка одредена му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ