четврток, 10 јули 2025

28-годишник од Штип принудувал момче да зема кредити и пари од татко му

Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 28-годишниот Ф.Ј. од Штип, кој се сомничи за сериозна изнуда врз 21-годишен сограѓанин.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од МВР, осомничениот во периодот од октомври 2024 до 20 јуни 2025 година, со закани и присилба успеал да оштети младо лице за вкупна сума од 275.000 денари. Тој го терал оштетениот да аплицира за брзи кредити во неколку финансиски друштва, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, а дури и да одземе пари од неговиот татко.

Ф.Ј. бил приведен на 21 јуни околу 18.10 часот, а за случајот бил информиран и јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ