среда, 24 декември 2025

263 пешаци казнети заради непрописно преминување улица

Објавено на

часот

Сподели

МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 10 до 14 часот била спроведена сообраќајна контрола во однос на пешаците при што им се напишани казни на 263 лица.

На 217 пешаци им се изречени санкции заради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а на 38 за преминување на улица за време на црвено светло на семафорот за пешаците.

Најмногу казни се изречени во Скопје – 81, на територија на СВР Тетово 38, на територија на СВР Битола 36, како и уште во неколку градови.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и улиците да не ги преминуваат на необележани за нив места бидејќи ја загрозуваат својата безбедност, но и сообраќајот во целина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ