„Синоќа во 22:30 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во домот во село Возарци, кавадаречко, починал С.П., на возраст од 24 години од село Возарци. Лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција“, соопштија од СВР – Велес.






