петок, 23 јануари 2026

24-годишна девојка смртно прегазена на пешачки кај Сити мол

Објавено на

часот

Сподели

24-годишна девојка вечерва загина на пешачки премин на раскрсницата на булеварот Партизански одреди кај Сити мол во Скопје.

Во неа удрило патничко возило „ситроен“, управувано од Ј.Ѓ. (22), потврдија од МВР. 

Денеска „во 19.44 часот пријавено е дека на улица Московска со булевар Партизански одреди се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ‘ситроен’ управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8 Септември и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на самото место. Се врши првичен увид“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ