Според информациите од СВР Тетово, патничко возило фолксваген поло со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И. (22) од село Ратае, општина Јегуновце, прво удрило во велосипед управуван од Р.Р. (64) од село Требош, а потоа и во паркирано возило фиат и во деловен објект.
Возачката се здобила со тешки телесни повреди, додека велосипедистот минал со полесни повреди. Двајцата се хоспитализирани во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, на местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Тетово. Се работи на целосно расчистување на случајот.






