вторник, 7 април 2026

22-годишен скопјанец превезувал производи без документација

A.И. (22) од Скопје рано утрово е приведен откако во возилото што го управувал пронајдени биле производи без документација.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од ПО – Мирковци го лишиле од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење по член 278 од КЗ.

„При преглед на товарно возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, пронајдени се голема количина производи без документација. По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ