Од вкупно санкционираните 297 возачи, 14 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца возеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 206 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






