петок, 23 јануари 2026

19 лица возеле без возачка дозвола, 19 биле пијани, седум возила биле неисправни

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот во Скопје, биле изречени вкупно 165 мерки, најмногу за брзо возење – 38 санкции.

Покрај другите казни, изречени се и пет санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните прописи и правила со цел да се зголеми безбедноста на улиците и патиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ