недела, 14 декември 2025

19-годишник во Тетово лишен од слобода поради предизвикување пожар

„Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул. Маршал Тито во Тетово“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, како што посочуваат од МВР, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ