среда, 18 февруари 2026

18 годишник пријавил злоупотреба на лична карта за земање брз кредит

Вчера наутро, во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријавил дека се сомнева дека му е злоупотребена личната карта за подигање брз кредит, информира МВР.

Објавено на

часот

Сподели

18 годишникот пријавил дека во октомври или ноември 2025 година, маж од Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту пак добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво. Имено, тој во меѓувреме добил писмо од финансиско друштво за отплата на кредит, подигнат на негово име во висина од 215.731 денари, за кој се сомнева дека истиот маж го подигнал со злоупотреба на личната карта.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ