среда, 18 март 2026

15-годишен украл „мерцедес“ во Гостивар и предизвикал сообраќајка

Рано утрово полицијата од Гостивар, во присуство на неговата мајка Џ.Х., лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило”, казниво по член 242 од КЗ, а пријавено истиот ден во 04:10 часот во ОВР Гостивар од Б.Ѓ.(43) од Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, малолетникот го украл возилото „мерцедес“, кое било паркирано и оставено со отклучени врати и клучеви во возилото, по што управувајќи го, предизвикал сообраќајна несреќа кај мостот во населбата Циглана во Гостивар. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ