На територија на град Скопје казнети се 58 пешаци од вкупно 195 прекршоци во сообраќајот, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 11 казни се напишани за возење без возачка дозвола, четири санкции за непрописно престројување, четири мерки за возач почетник, 45 за непрописно паркирање.
Во Битола, во периодот од 16 до 20 часот санкционирани се 24 прекршоци на пешаци, од кои на 20 им се изречени казни заради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин. При акциската контрола во Битола санкционирани се и 30 други видови на сообраќајни прекршоци.
Во истиот попладневен временски период во Куманово се казнети 23 пешаци, додека во Охрид на 20 пешаци им се изречени казни за преминување на улица надвор од пешачки премин, а на еден пешак за поминување на црвено светло..
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува полицијата и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, а на пешаците им порачува дека со преминување на улица на црвено светло или надвор од пешачки премин ја загрозуваат сопствената безбедност, но и го загрозуваат целиот сообраќај на улицата.






