
Исто така, изречени се 16 мерки за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила, четири за недавање првенство на минување на пешаци, како и 41 за непрописно паркирање.
МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






