недела, 14 декември 2025

11 лица од Куманово добија кривични пријави за изигрување на законот при увоз на половни возила

Полицијата од Куманово до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.П. (43), вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Кривична пријава доби и Ф.Т. (29) од Куманово, вработен како контролор во станица за технички прегледи во Куманово, поради сомневање за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистината содржина“.

Објавено на

часот

Сподели

Б.П. (35) од Куманово доби кривична пријава поради сомневање  за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“. И Д.З. (34) од Куманово доби кривична пријава поради сомневање за „давање лажен исказ“ и „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“. 

Кривични пријави добија и К.П. (39), М.П. (37), Д.М. (36), Д.С. (35), С.С. (40), М.М. (37) и М.М. (24), сите од Куманово поради постоење сомневање за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.

М.П. и Ф.Т. во текот на 2024 година се договориле Ф.Т. да наоѓа сопственици на моторни возила кои сопствениците со странски регистарски таблички ги управуваат на територија на државата и во соработка и договор со Б.П  ги наоѓале сопствениците и за половина од цената што треба да jа платат на име царински и други давачки за увоз на половни моторни возила М.П. ги регистрирала и внесувала во електронскиот систем на регистрирани моторни возила без да ги платат давачките за увоз на половни моторни возила, за сообраќајна дозвола, административни такси, такса за користење на регионални и локални патишта и надомест за издавање на регистарски таблички.
Ф.Т., користејќи го своето работно место, а откако претходно се договорил со Б.П. Д.З., К.П., М.П., Д.М., Д.С., С.С., М.М., и М.М., изготвувал електронски табели налик на табелата која се издава од Бирото за метрологија при издавање на хомологација за возила увезени од странство, во кои внесувал податоци за возилата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ