вторник, 3 март 2026

10 годишно дете од Тетово починало откако паднало од терасата на својот дом

Денеска наутро во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово, информираа од СВР Тетово.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ