Според пријавеното, таа стапила во контакт со лицето на социјална мрежа на почетокот на мај и се договориле да работи онлајн за странска компанија. Како што е пријавено, таа на лицето му испратила фотографии од нејзината лична карта, здравствена легитимација и од нејзината банкарска картичка, по што во наредниот период во неколку наврати во нејзино име било аплицирано за брзи кредити во финансиски друштва. За пристигнатите пари на нејзина сметка ѝ било кажувано дека по грешка се пуштени и на негово барање ги вадела парите и ги враќала. На 4 јуни добила телефонски повик од финансиско друштво дека има доспеана рата за кредит по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.