недела, 12 јануари 2025

Црквата денеска организира протест, невладини организации загрижени за безбедноста на лицата од ЛГБТИ-заедницата

Објавено на

часот

Сподели

Светиот архиерејски Синод на МПЦ – ОА на прес-конференцијата во вторникот упати повик за масовно учество на протестот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.  

„Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контраст, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата“, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски.  

Светиот архиерејски Синод на МПЦ Охридска епископија на денешната прес-конференција упати апел за учество на сенародниот собор што ќе се одржи в четврток во знак на протест поради игнорантски

Тој рече дека спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава.

Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза.

Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава, кои потпишаа заеднишко соопштение со барање за повлекување на двата спорни закона.

Во видео – порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството.

„Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството“, вели епископот во видео-пораката. Црквата преку видео порака на поглаварот г.г. Стефан во понеделникот го објави повикот за протест, односно за „сенароден собир“, како што е именуван.

Возљубени чеда во Господа,  Денес е денот на радоста, денот кога ја доживуваме вистината и убавината на нашата вера; ова е денот на добрата волја, денот кога Милостивиот Бог се понизил заради

Одлуката за организирање на собирот беше донесена на седница на САС на МПЦ-ОА на 20 јуни. Во соопштението од седницата, меѓу другото, се изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат, како што смета Црквата, над 95 проценти од населението, за повлекување од процедура на двата закона и продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за нивно целосно носење, а кои се сметаат за сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството.

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација го осудија повикот за протест на МПЦ-ОА, чија единствена цел, како што велат, е да се направи јавен притисок кон повлекување на предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција од собраниска процедура оценувајќи го како директен упад во секуларноста на државата и непочитување на Уставот, а пред сѐ на жените во земјава и непрепознавање на нивните реални животни ситуации. 

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација остро го осудуваат повикот за протест на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), закажан за 29 јуни со единствена цел д

„Граѓаните и граѓанките  на нашата земја треба да знаат дека со донесувањето на овие закони ќе се подобрат граѓанските права и ќе се унапреди еднаквоста на жените и на родово маргинализираните групи на сограѓани. Тоа се наши граѓани и граѓанки кои, за жал и спротивно на општото уверување, сѐ уште не можат да ги остварат своите фундаментални права подеднакво како и мнозинството граѓани… Без вакви закони, ЕУ ќе биде уште подалеку, демократијата уште позагрозена, а живеењето во Македонија небезбедно за половина од нејзиното население“, велат од Платформата.

Од Хелсиншкиот комитет, во пресрет на собирот упатија апел за безбедност на ЛГБТИ заедницата за време на протестот со совети за избегнување какви било инциденти, вербални напади или провокации во текот на денот на протестот.

„Загрижени од енормниот раст на пријави на инциденти и вербални напади и закани како онлајн, така и во физичкиот простор во последните денови, а предизвикани од вжештената атмосфера околу дискусијата на верските институции поврзана со носењето на законите за родова еднаквост и матична евиденција, Хелсиншкиот комитет за човекови права се обраќа до ЛГБТИ – заедницата со апел и совет за безбедност и добросостојба“, порачаа од комитетот и изнесоа директно барање до лицата од ЛГБТИ заединцата:

„Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на протестот, но нашата грижа за заедницата овојпат не‘ приморува на тоа. Остануваме да бидеме гласни и посветени во борбата за еднаквост и демократија, но на крајот на краиштата најважно е да останеме живи и здрави за да можеме да продолжиме да ја остваруваме нашата визија за Македонија како земја на еднакви права и можности за сите граѓанки и граѓани“.

Протестот е закажан за 18 часот пред Соборниот храм во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ