сабота, 27 јули 2024

Ципрас го одби мандатот за формирање нова влада, сè поизвесни нови избори во Грција

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека одговорил на својата институционална обврска да дојде и да каже дека не го прифаќа мандатот, бидејќи не постои можност за формирање влада.

Сакеларопулу од своја страна истакна дека „уставот на јасен начин предвидува континуитет“ и изрази надеж дека „наредните избори ќе дадат влада“.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, чија партија Нова демократија освои најмногу гласови на парламентарните избори во неделата, изјави во понеделникот дека нема да формира коалициска влада и дека се надева на одржување нови избори на 25 јуни.

Мицотакис ова го кажа во разговорот со грчката претседателка Сакеларопулу, која прво нему официјално му ја даде приликата да формира владејачка коалиција.

Грчката владејачка Нова демократија на парламентарните избори одржани во неделата освои 40,8 отсто од гласовите, пред левичарската Сириза со 20,1 отсто, врз основа на повеќе од 90 отсто преброени гласачки ливчиња.

Социјалистите на ПАСОК предводени од Никос Андрулакис го заземаа третото место со 11,46 отсто од гласовите. Одзивот на гласачите беше 61 отсто.

Претседателката на Грција ќе им понуди на првите три партии на изборите, Нова демократија, Сириза и ПАСОК, по три дена за формирање коалициска влада.

Доколку партиите не можат да формираат влада, Сакеларопулу ќе именува преодна влада да подготви одржување нови избори кои би требало потоа да се одржат за околу еден месец, најверојатно на 25 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ