недела, 23 јуни 2024

Центарот за култура Ацо Шопов од Штип во годината на двоен јубилеј доби помалку пари за активностите

Објавено на

часот

Сподели

„Се надеваме дека можеби во текот на годината, ако има некој ребаланс, средства што не се искористени, Министерството за култура ќе има слух да ни овозможи да ги промениме седиштата и теписонот за оваа година. Следната година нека биде сцената  на ред, нас ни е тоа многу важно“, вели Трајков во интервју за МИА.

Трајков нагласува дека проблем настана и со недоволно бројниот кадар ви Народниот театар – Штип, каде во пензија заминуваат стручни луѓе, а нивните работни места не се пополнуваат. Според него, на културата никогаш не смее да се гледа само низ призмата на парите.

„На културата никогаш не смееме да гледаме дека е скапа една театарска претстава кога се финансира од општината, а за тоа можеме да направиме една улица или да се смени една водоводна цевка. Не смееме да влечеме такви паралели, бидејќи културата е скапа, но некултурата е уште поскапа. Оваа девиза мора да ја имаме на ум“, вели Трајков.

Парите создаваат главоболки, вели тој.

„Минатата година имавме доста инвестиции. Оваа година продолжуваме со наши сопствени инвестиции. Можам да споменам дека најдовме спонзорства, со кои ги заменуваме санитарните јазли во Центарот за култура, со помош на еден донатор. Со сопствени средства ги реконструираме тоалетите во театарот, каде што минатата година добивме средства од Министерството за култура за првпат после 40 години да ги реконструираме тоалетите, санитарните јазли за публиката во Домот на културата. Така што полека условите во Центарот за култура ги менуваме на подобро. Тоа значи дека оваа година ќе се потрудам фокусот да биде и на театарот, затоа што минатата година доста се вложуваше во Центарот за култура, а оваа година се фокусираме на Театарот и таму ќе имаме доста активности коишто ќе се предвидуваат: создавање на нови проекти за самиот Театар, како ќе изгледа во иднина. Веќе со еден архитект го работиме идејното решение на театарот затоа што оваа година навршуваат 100 години театарско патување или живеење заедничко меѓу граѓаните и театарската дејност во нашиот град од 1923 година што е и најзначајно и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, нашиот патрон, којшто го носи името на нашата национална установа“, вели Трајков.

Иако му велеле дека е невозмижно да се направи фотоволтаична централа, тој ги започнал активностите и процедурите и по две години се е готово, уште процесот со ЕВН останува.

„Ако сме добри домаќини и ако рационално ја користиме електричната енергија јас мислам дека за 50 проценти ќе ги намалиме трошоците за електрична енергија. Ова е еден од бенефитите, со којшто како партнери со Министерството ќе ослободуваме повеќе средства. Ако биле планирани еден милион денари за тековната година за електрична енергија, тие половина милион денари може министерството да ни ги врати и да ги инвестираме, со цел да ги подобриме условите за одржување на културните настани, продукти, кои ќе бидат бенефит за нашиот град и граѓаните“, планира Трајков.

Тој разговарал со министгерката за култура на местото на кадрите што одат во пензија да се дозволат вработувања.

„Ние немаме шивач, ќе немаме гардеробер, потоа актери заминуваат во пензија, ајде во делот на актерите имаме двајца нови, кои се млади и веќе се влезени со останатите актери. Не е идеално, но има поместување. Ни недостасуваат луѓе од техника, хигиеничари, работа на сцена, стручни лица за светло, за тон. Значи се што е потребно за работа на една институција при реализација и менаџирање на една ваква институција. Да не зборуваме потоа за стручни лица од областа на музиката, ликовната уметност. Станува збор за културно-уметничките друштва каде што се потребни стручни лица. Така што потребни се стручни лица, не да бидеме преполни со вработени, туку да бидеме надополнети со стручност и екипраност од помошно-технички персонал, што е многу важно за да имаме квалитетна културна понуда. Ако секој културен продукт го правиме половично, тоа ќе го почувствува самата публика, секогаш неможеме да постигнеме да направиме така како што треба. Се трудиме да биде тоа 100 проценти, но секогаш и не успева“, нагласува директорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ