сабота, 27 јули 2024

Центар за култура – Крива Паланка распиша конкурс посветен на светите браќа Кирил И Методиј

Објавено на

часот

Сподели

Носител на конкурсот е Литературниот клуб „Калин“ од НУЦК Крива Паланка, а најдобрите творби ќе бидат наградени.
 
„Конкурсот е насловен „По Вашите стапки чекориме“, годинава ќе биде негово второ издание, а темата нуди можност за поширока поетска инспирација. Право на учество имаат сите ученици од основното образование во државата, а учесниците ќе бидат поделени и оценувани од жири-комисијата во три категории: ученици од прво до трето одделение, од четврто до шесто и од седмо до деветто одделение“, информира Даниела Петровска од библиотеката „Кочо Рацин“, НУ Центар за култура Крива Паланка.
 
Творбите треба да бидат напишани во форма на поезија. Учениците можат да пишуваат на својот мајчин јазик, но да бидат преведени на македонски стандарден јазик. 
 
Секое училиште може да учествува најмногу со три најдобри творби и на секоја творба задолжително да бидат наведени информации за ученикот, менторот и податоци за контакт.
 
Краен рок за доставување творби е 5 мај 2023, на следната е-маил адреса: [email protected]
 
Авторите на наградените творби ќе земат учество на културната манифестација закажана за 22 мај 2023 година во просториите на Eвропската куќа Крива Паланка, ден пред прославата на св.Јоаким Крчовски и во пресрет на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј – 24 Мај.
 
Наградените творби ќе бидат застапени во специјална електронска поетска збирка, што традиционално ја изготвува една од координаторите на манифестацијата, наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски, од ООУ „Јоаким Крчовски“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ