сабота, 27 јули 2024

Центар пред Град Скопје новогодишно го украси својот дел

Општина Центар соопшти дека го заврши новогодишното украсување. „Годинава општината е украсена на повеќе локации каде се поставија новогодишни елки, светлосни фигури, украсни лед сијалици и други новогодишни украси“, велат од Општината Од Град Скопје вчера соопштија дека украсувањето ќе го започнат на 15 декември и дека тоа ќе чини многу помалку пари отколку што за таа намена (неоправдано) било трошено во минатото.

Објавено на

часот

Сподели

Украсувањето започна од улицата Орце Николов па продолжи кон улиците Боемска 1 и 2 каде на неколку локации е поставена мрежа со сијалички, светлосни фигури на бандери, ѕвездено небо и девет метарска новогодишна елка.

д

Украсен е и скверот пред Општината каде има поставено мрежа со сијалички на сите дрва, светлосни фигури, забавен парк и дрвени куќички. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски вели дека граѓаните заслужуваат да уживаат во предновогодишната атмосфера.

д

„Општина Центар е единствена украсена општина во Градот Скопје. Мислам дека по поскапувањата и штедењата и по економската криза граѓаните имаат потреба да излезат и да прошетаат по украсени улици и ја почувствуваат предновогодишната еуфорија и позитивен дух. Сите ние имаме потреба од тоа и затоа годинава украсивме на неколку локации со цел да ги развеселиме граѓаните. Затоа ги поканувам сите да дојдат во Општина Центар и уживаат во новогодишната бајка“, вели Герасимовски.

д

Новогодишни украси исто така се поставени на скверот и паркот во населбата Капиштец.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ